2017-12-13 09:44:00

Австриските бискупи одлучно против истополовите бракови


Со многу критичен тон виенскиот надбискуп и претседател на Австриската бискупска конференција, кардинал Христоф Шенборн реагираше на одлуката на Уставниот суд на Австрија да дозволи истополови бракови, поништувајќи ја претходната норма која не даваше можност за брак на парови од ист пол.

Загрижувачки е што судиите од Уставниот суд ја изгубија од видик посебнта природа на бракот како зедница на еден маж и една жена, што не може да се спореди со ништо друго. Единствено во бракот, како ниту во било кој друг облик на заеднички живот, не може да се раѓа и воспитуваат деца, и така да се гарантира низа генерации – рече кардинал Шенборн за австриската агенција Катпрес.

Кардиналот предупреди, ако Уставниот суд ја негира таа единственост, тој посебен и законски статус на бракот кој се темели на различностите на родовите, се негира стварноста и таа одлука не овозможува на општеството никаква услуга, туку напротив прави штета на сите, како на оние кои сакаат да се заштитат, така и за оние кои треба да бидат заштитени

Врз основа на судската одлука објавена на 5 декември 2017 година, судиите од Уставниот суд, имено во разликата на бракот од регистрирана заедница гледаат кршење на Уставот, бидејќи тој забранува дискриминација на истополовите парови. Поради тоа стариот закон, како што одлучи Устанвиот суд, повеќе нема да важи од 31 декември 2018 година. Така истополовите бракови во Австрија во иднина ќе може да се регистрираат, додека „регистрирана заедница“ ќе биде возможна и за хетеросексуални парови.

Уште пред одлуката на Уставниот суд австриските бискупи се ангажираа за отстранување на секаков облик на дискриминација на хомосексуалците, при што истакнуваа дека разликата на бракот од другите врсти заедници не е дискриминација. Законот, според мислењето на австриските бискупи, предвидува кон различни работи, различно однесување и така разликата ја следи смислата на законот.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.