2017-11-14 11:15:00

Новиот директор на Радио Марија Македонија ја презеде должноста


Во четврток 9 ноември 2017 година во просториите на Радио Марија Македонија во Скопје е извршено примопредавањето на должноста директор на „Радио Марија Македонија“.

Со декрет на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов и со потврда од канцеларијата на светското семејство на Радио Марија досегашниот директор монс. Антун Циримотиќ е разрешен од таа служба, а новоименуваниот директор е о. Гоце Костов, парох во Свети Иван Крстител – Струмица и одговорен уредник на интернет страницата www.katolici.mk.

Покрај досегашниот и новоименуваниот директор на примопредавањето присуствуваше и претседателката на Здружението „Радио Марија Македонија“, Катица Трајковска Абјаниќ, како и вработените во радиото Ена и Силвер. Во таа прилика Здружението заедно со вработените искажаа благодарност за соработката со монс Циримотиќ, а на новоименуваниот директор о. Костов му посакаа успех и благослов во работата.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.