2017-11-07 13:26:00

Папата: Да не ја злоупотребуваме животната средина


Војната секогаш предизвикува сериозна штета за животната средина. Да не го злоупотребуваме нашиот заеднички дом, туку да го сочуваме за идните генерации“ – поттикна папата Фрањо во својата порака на 6 ноември 2017 година, која ја објави на Твитер каде го следат 40 милиони луѓе.

Твитер пораката ја истакнува важноста на денешниот Меѓународен ден за спречување на искористувањето на животната средина во војни и конфликти. Значајно е исто така што Папата сака по пат на социјалните средства, да упати апел токму на денот кога во Бон започнува Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени. Темата за уништување на животната средина заради конфликти, Светиот Отец повеќе пати ја нагласува во својата енциклика „Лаудато си“.

Војната, предупредува папата Фрањо во документот, „секогаш нанесува тешка штетата на животната средина и културното богатство на народите, а ризиците стануваат огромни ако се мисли на нуклеарното и биолошкото оружје.“ Папата истакнува дека и покрај меѓународните договори, „во лабораториите и понатаму се бара развој на нови оружја за напад, кои можат да ја променат природната рамнотежа.“ Затоа Светиот Отец апелира до меѓународните лидери да „посветат најголемо внимание на спречувањето и решавањето на причините кои можат да доведат до нови конфликти“ кои предизвикуваат смрт, сиромаштво и уништување на животната средина.

Папата Фрањо посебно покажува загриженост за водата. „Влијанијата на животната средина – пишува во енцикликата Лаудато си – би можеле да погодат милијарди луѓе, а од друга страна, може да се предвиди дека контролата над водата од страна на големите светски компании се претвора во главен извор на конфликт во овој век.“

Во својот говор на семинарот за „Човековото право за вода“ кој беше одржан во Ватикан, во февруари, Папата и ова година поттикнува на внимание. „Тоа е проблем – потврди Папата во таа прилика – кој се однесува на сите и заради кој нашиот заеднички дом трпи големи неволји и бара ефикасни решенија, кои ќе бидат навистина способни да се надмине себичноста која го спречува остварувањето на виталното право на сите луѓе. Потресна е опомената на Папата: „Се прашувам дали не одиме среде оваа Трета светска војна која ја живееме во делови, во голема светска војна за вода.“

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.