2017-08-14 10:07:00

Папата промовира култура на прифаќање на Медитеранот


Потребно е сѐ поголемо ангажирање во поддршката на културата на прифаќањето и солидарност, промовирајќи така мир и братство меѓу народите – истакна папата Фрањо во пораката до учесниците на меѓународната средба „Медитеранот – пристаниште на братството“.

Потребно е сѐ поголемо ангажирање во поддршката на културата на прифаќањето и солидарност, промовирајќи така мир и братство меѓу народите – истакна папата Фрањо во пораката до учесниците на меѓународната средба „Медитеранот – пристаниште на братството“, во организација на бискупијата Уџенто-Санта Марија ди Леука, со поддршка на голем број други институции и организации. Спомнатиот настан заврши на 14 август 2017 година, а на него учествуваа 250 млади од 31 земја.

Во пораката која ја испрати до месниот бискуп, монс. Вито Анџули, Светиот Отец ги поттикнува христијанските заедници и младите во медитеранските земји, како и сите луѓе со добра волја, присуството на толку браќа и сестри мигранти да го гледаат како можност и сведоштво на Евангелието на љубовта. Папата ја пофали иницијативата која ќе доведе до потпишување на „Повелбата од Леука“, документ кој младите присутни на средбата ги повикуваат светските моќници да промовираат мир, забрана на оружјето и конкретно да се ангажираат во отворањето на хуманитарни коридори за луѓето кои бегаат од војната.

На настанот, меѓу останатите учествуваа и претставници на Италијанската бискупска конференција, Италијански Каритас, потоа католичкото движење за мир „Pax Christi“, „Фоксив“, и „Мигрантес“. Младите учесници на средбата на 13 август вечерта направија поклоничко патување на гробот на дон Тонино Бело во градот Алесано, во италијанската провинција Лече, кој бил познат по своето миротворство и залагањето за обесправените и за човекот во потреба заради што умре на глас на светост.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.