2017-08-07 10:54:00

Настанот Преображение Господово ни нуди порака на надеж


Настанот Преображение Господово ни нуди порака на надеж, нѐ повикува да се сретнеме со Исус како би можеле да бидеме во служба на нашите браќа и сестри – истакна папата Фрањо на молитвата Ангел Господов, на 6 август 2017 година, на плоштадот Свети Петар. Светиот Отец во своето размислување зборуваше за Евангелиеро според Матеј (17,1-9).

Искачувањето на учениците на гората Тавор нѐ поттикнува на размислување за тоа колку е важно да се направи исчекор од световните работи, како би се упатиле кон врвот и да го гледаме Исус – рече Папата. Тој истакна дека тука се работи за тоа да се подготвиме на внимателно и молитвено слушање на Христос, Синот возљубен од Отецот, барајќи го во најинтимните моменти на молитва, кое пак ни овозможува послушно и радосно да го прифатиме Словото Божјо.

Во тоа духовно искачување – продолжи Светтиот Отец – повикани сме повторно да ја откриеме смирувачката и обновителна тишина при размислувањето на Евангелието, што нѐ води кон целта која е богата со убавина, сјај и радост. Во тој поглед летото е провидоносно време за охрабрување на нашето определување за барање и средба со Господ.

Папата Фрањо напомена дека учениците после прекрасното искуство на Преображението се спуштија од гората, а нивните очи и срца биле преобразени од средбата со Господ. Папата на присутните им рече дека секогаш живото откривање на Исус не е цел по себе, туку нѐ поттикнува да „слеземе од гората“, наполнети со силата на божествениот Дух како би можеле да донесуваме одлуки за нови чекори кон вистинско преобраќање и да би можеле постојано да сведочиме за љубовта како закон на секојдневието.

Проебразени со Хрситовото присуство и со жарот на неговото Слово – продолжи Светиот Отец – стануваме конкретни знаци на животворната Божја љубов за сите наши браќа и сестри, посебно за оние кои страдаат, за болните, осамените и напуштените, како и за бројните луѓе кои во различни делови на светот се понижувани со неправда, злоупотреба и насилство.

За време на Прображението можеше да се слушне гласот на Отецот Небесен: Овој е Мојот Возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!” (Матеј 17,5). Нека Блажена Девица Марија ни помогне да се усогласиме со Божјото Слово како Христос би станал светло и водител на нашите животи – рече папата Фрањо. На крајот Папата токму на Богородица ги препорача сите луѓе кои се на одмор, нивниот одмор да биде смирен и плодоносен, а на посебен начин на неа го довери летото за сите оние кои поради различни проблеми не можат да одат на одмор.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.