2017-07-28 10:47:00

Медалјон за пет години понтификат на папата Фрањо


Од 28 јули 2017 година во централната зграда на Администрацијата за имотот на Апостолскиот Престол и држвата-град Ватикан и во просториите на ватиканската издавачката куќа, ќе може да се купи специјалниот медалјон, кој е издаден по повод петгодишнината од Понтификатот на папата Фрањо, а е изработен од Маријанџела Кришоти - објави Ватиканскиот прес центар.

Медалјонот е со следните карактеристики: на предната страна е прикажан папскиот грб, околу кој е напишано на латински Franciscus P.P. Anno V MMXVII, а под овој натпис е ставено името на авторот, а на работ од страната повторно на латински е напишано E civitate Vaticana со редниот број на медалјонот.

На задната страна на медалјонот е прикажана подадена рака, како знак на гостопримство кон оние кои бегаат од својата татковина во потрага по подобра иднина. Под неа стои натписот Hospes eram et collegistis me (Mатеј 25,35: Странец бев и Ме примивте). Седнат на земја и меѓу луѓето е прикажн човек кој личи на Христос: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле " (Mатеј 25,40)

Копиите се ограничени: 50 златни, 1000 сребрени, 1500 бронзени и 50 од трите благородни метали.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.