2017-07-28 10:52:00

Во порака на Инстаграм Папата се спомна на о. Жак Хамел


Денес се спомнуваме на о. Жак Хамел, кој покрај другите бројни маченици на нашето време, го даде својот живот служејќи на другите – напиша папата Фрањо во пораката на 26 јули 2017 година, објавена на Инстаграм, на првата годишнина од свирепото убиство на францускиот свештеник.

Преку оваа социјална мрежа Папата се придружи во мислите на одбележувањето на годишнината во бискупијата Руен, на која присуствуваше и францускиот претседател Емануел Макрон.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.