2017-06-02 09:35:00

Папата Фрањо: Највредното богатство на Европа се семејствата


Највредното богатство на Европа се семејствата - ова го изјави папата Фрањо во четврток 1 јуни 2017 година во Ватикан при една средба со католичките здруженија за семејствата. Во поглед на бројните проблеми на континентот Папата ги поттикна овие здруженија на поголем ангажман и истакна четири кризи во Европа: „демографската зима“,миграцијата, работната и образовната криза.

Светиот Отец повика на поголемо ангажирање на овие полиња, како во Црквата, така и во граѓанското општество. Потребно е општеството, економијата и политичарите да се анимираат за да донесуваат одлуки во корист на семејствата. Истовремено папата Фрањо ги предупреди здруженијата за семејства да ги почитуваат „легитимните разлики“, во дијалогот да се држат на фактите и зборовите да ги сведочат со дела. При тоа христијанскиот идентитет треба сѐ повеќе да добива на израз.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.