2017-05-30 16:13:00

Пораст на насилството врз христијаните во Индија


Во Индија е во пораст насилството врз христијаните: во првите пет месеци од оваа година се забележани 260 случаи – соопшти „Persecution Relief“ екуменски форум за набљудување на прогонствата во Индија. Според податоците на организацијата минатата година се забележани вкупно 348 напади врз христијаните, односно 29 напади месечно, додека во првите месеци оваа година регистрирани се во просек 52 напади месечн.

„Станува збор за загрижувачка ситуација за нас“ – изјави Шуб Томас, основател на организацијата. Се пријавуваат закани, социјална исклученост, кампања на омраза, уништување на цркви, насилство врз христијаните, обиди за убиства како и убиства. Бројот на напади врз нехиндуисти е во пораст откако во 2014 година Наренда Моди, претседател на индиската народна партија стана премиер на таа азиска земја.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.