2017-05-30 16:18:00

Ватиканска монета со ликовите на Петар и Павле


По повод 1950 години од мачеништвото на светите Петар и Павле Светиот Престол издаде монети од 2 евра, а во продажба ќе бидат од 1 јуни. Свети Петар и Павле според традицијата, се убиени маченички во 67 година за време на прогонството на христијаните. Како што истакна папата Фрањо, на нивната вера е втемелена Римската Црква, која секогаш ги почитува како заштитници.

Ватиканската канцеларија за филателија и нумизматика соопшти дека монетите се изработени според идејното и ликовно решение на италијанската скулптурка Габриеле Титото. На монетите се прикажани светците со вообичаената иконографија: со клучеви и меч. Првиот симбол се однесува на настанот кога Исус му ги предава на Петар клучевите од царството небеско, а другиот симбол се однесува за животот на свети Павле, кој пред да се преобрати бил прогонител на христијаните, како и на неговото мачеништво.

 

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.