2017-05-06 17:00:00

Папата: Треба да ја надминеме културата на уништување


Да се победи културата на уништувањето, која бомбата ја нарекува „мајка“, и која на телевизија на гледачите им го прикажува само злото – рече папата Фрањо во разговор со учесници на средбата во организацијата на италијанската Национална координација на локални институции за мир и човекови права.

Да се победи културата на уништувањето, која бомбата ја нарекува „мајка“, и која на телевизија на гледачите им го прикажува само злото – истакна папата Фрањо во разговор со учениците, учесници на средбата во организацијата на италијанската Национална координација на локални институции за мир и човекови права, која на 6 мај 2017 година ги прими во Ватикан. Папата повторно го истакна злото „работа на црно,“ и ги поттикна сите сѐ повеќе да се заземаат за заштита на животната средина.

Време е без страв да се соочиме со „културата на уништување“ и да ја надминеме, и тоа со силата на умереноста. Светиот Отец тој предизвик го упати до учениците Италијанци ангажирани во спомнатата координација која се зазема за мир и човекови права. Папата се заблагодари на младите за конкретните прашања кои му ги поставија, од кои произлезе вознемиреноста заради бројните трагедии кои го погодуваат светот – од војните до сиромаштвото и кршењето на човековите права. Освен тоа, рече дека на телевизија можат да се видат само лоши вести и уништување, и рече дека изгледа како една телевизиска програма има повеќе успех ако прикажува што повеќе несреќа.

Срамота е една бомба да ја нарекуваш „мајка“

Папата го спомна и проблемот со бегалците за кои рече дека е најголемата трагедија во Европа после таа со Втората светска војна, и се осврна на насилството и војните кои го нарушуваат човечкиот род. Има добри луѓе, во светот има добри работи кои не се гледаат; но светот е во војна – истакна и додаде како почувствувал срам кога го слушнал име на една бомба: „Мајка на сите бомби.“ Но, мајката дава живот! А таа дава смрт! – истакна Папата. На справата ќе ѝ кажеме „мама“? Што се случува? – праша папата Фрањо. Спомнувајќи ја потоа слабоста на голем број меѓународни лидери, Папата предупреди дека од една страна се бара мир, а потоа се произведува и продава оружје. Има шпекуланти – рече Папата – кои продаваат оружје на оние кои војуваат, и така заработуваат на смртта на други луѓе.

Работа „на црно“ и искористувањето се смртни гревови

Папата потоа ја истакна трговијата со дрога која уништува голем број млади. И повторно предупреди дека и понатаму во центарот на економијата се парите и моќта наместо човекот, осврнувајќи се посебно на злото работа на црно, и на искористувањето на луѓето, меѓу кои и деца. Некој – според зборовите на Папата – би можел да каже дека тоа се случува на некој далечен континент, или во некоја далечна земја, но тоа се случува во Европа, во Италија – истакна. Луѓето се искористуваат кога им се плаќа на црно, кога ти даваат договор за работа кој трае од септември до мај, по што два месеци си без работа; нема континуитет. И тогаш повторно започнува во септември; тоа се нарекува „уништување“; ние католиците, тоа искористување го нарекуваме „смртен грев“ – истакна папата Фрањо.

Треба да бидеме благи за да се бориме против насилството и во зборовите

Светиот Отец потоа се задржа на темата за која често зборува, за искушението озборување, за тој – како што кажа – вистински „тероризам“, затоа што ја уништува личноста, и ги поттикна присутните млади да си го гризнат јазикот пред да започнат да ги озборуваат другите. Истовремено ги предупреди да се чуваат од насилството на навредата кое – рече Папата – понекогаш може да се види во политичките расправи. Со оглед на сето тоа, потребна е благост.

Да се биде благ, умерено да се однесуваш не значи да се биде глуп; тоа значи мирно да се зборува, не навредувајќи, тоа значи да се бара начин како да се кажат работите не навредувајќи. Но, благоста е една од доблестите кои треба повторно да ги научиме, повторно да ги пронајдеме во својот живот. Во тоа многу помага ако во своите разговори не им додаваме на луѓето придавки. Секогаш треба да бидеме благи. Секогаш мирно однесување кое е против насилството – истакна Папата.

Меѓу останатото, Светиот Отец ги поттикна младите никогаш да не се препуштаат на рамнодушноста, да го забрант зборот „резигнација“, и истакна дека е потребен „воспитен пакт“ помеѓу училиштето и семејството, за да се промовира општото добро на општеството. Младите ги поттикна посебно да се заземаат во слушањето, а професорите повеќе време да посветат на воспитувањето за мир.

Ние го уништуваме најскапоцениот Божји дар: сето создадено – рече Папата и истакна - штетите предизвикани со консумизмот кој води до експерименти на билките и животните, до појавување на ретки болести, и до жалосни појави како загадувањето на Медитеранското Море. На крајот предупреди на опасноста од премногу зборови, а малку заземање, по конференцијата за климатски промени во Париз.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.