2017-03-27 09:50:00

Папата се сретна со европските лидери


Во своето обраќање на 24 март 2017 година до европските лидери, Светиот Отец зборуваше за прифаќањето на минатото, но и за гледањето кон иднината со надеж.

Повикувајќи се на 60 годишнината од Договорот од Рим – што беше и пригодата за средбата – папата Фрањо рече: „Враќањето во Рим, после 60 години, не смее да биде само присетување на работите кои поминале, туку израз на желбата повторно да се доживее тој настан заради почитувањето на неговото значање за сегашноста.“ Понатаму Папата рече: „Ние не можеме да го сфатиме сопствениот пат без минатото, само од аспект на група временски далечни факти, туку како лимфа која посредува за животот сѐ до сегашноста.

Свртувајќи го вниманието на основачите на европскиот проект, кој повеќе пати ги цитираше, Папата рече дека Европа не е „група на правила за послушност,“ туку „начин на живот, начин на разбирање на човекот врз основа на неговото трансцендентно и неотуѓиво достоинство. „И така“ – продолжи – „од самиот почеток било јасно дека срцето на Европскиот политички проект можел да биде само самиот човек.“ Но, овој став – продолжи Папата– зависи од солидарноста.

Враќајќи се на визијата за иднината, папата Фрањо рече дека Европа денес е соочена со многу кризи: со кризата на економијата, семејството, со кризата на институциите, со миграциската криза... „Одговорите на овие кризи“ – смета Папата – „се наоѓаат токму во столбовите над кои се воздигнува Европската економска заедница“: човекот во центарот, делотворна солидарност, отвореност кон светот, стремеж за мир и развој,отвореност (кон) иднината“ – рече Светиот Отец.

Завршувајќи го своето излагање, папата Фрањо рече дека Европската унија, денес на оваа 60 годишнина е „повикана да се испита; да се погрижи за болестите кои со години неминовно доаѓаат и да се пронајдат нови начини за сопствено насочување.“ Успехот на Европската унија – додаде папата Фрањо – „зависи од подготвеноста за уште еден заеднички напор и од подготвеноста да се обложи на иднината.“ Потоа ги повика европските лидери да го „осветлат патот на „новиот европски хуманизам“ исткаен од идеалите и конкретните дела.“

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.