2017-03-27 09:58:00

Папата во посета на Миланскиот кварт Форланини


Папата Фрањо својата пасторална посета на Милано ја започна со посета на периферијата: од аеродромот Линате се упати кон квартот Форланини во источниот дел на градот, каде пристигна во 8.30 часот.

Папата се сретна со ромски, муслимански и бегалски семејства кои живеат во населбата „Каса Бјанче“. Жителите од тој кварт на Папата му предадоа неколку подароци, а меѓу нив беше и слика со статуата на Пресвета Богородица и свештенички епитрахил.

Рече дека епитрахилот го потсетува на тоа дека во Милано доаѓа како свештеник. Истакна исто така дека епитралхилот рачно го изработиле неколку жители од квартот. Тој е потсетник дека свештеникот е избран од народот и дека е во служба на народот. „Моето свештенство е Христов дар, но го „исткајавте“ вие, нашиот народ со својата вера, напорите, молитвите и солзите,“ рече папата Фрањо.

Светиот Отец рече дека сликата на Пресвета Богородица е знак дека таа го пречекува во Милано. „Ме потсетува на грижата на Марија, кој побрзала во пресрет на Елисавета. Тоа е грижата на Црквата која не чека во центарот на градот, туку на сите им оди во пресрет, на периферијата, па и на нехристијаните и на неверниците...; таа го донесува Исус на сите, кој е овоплотена Божја љубов и кој дава смисла на нашите животи и нѐ спасува од злото,“ истакна папата Фрањо. Папата потоа се упати во миланската катедрала за да се сретне со свештениците и лицата со посветен живот.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.