2017-03-24 10:10:00

Сочувство од Папата за атентатот во Лондон


Папата Фрањо изрази длабока жалост заради жртвите во атентатот извршен во центарот на Лондон. Загинатите ги довери на грижливото милосрдие на Семоќниот Бог, за нивните семејства повика божествена сила и мир, и на целиот народ ги загарантира своите молитви.

Папата Фрањо изрази длабока жалост заради жртвите во атентатот извршен во центарот на Лондон. Во телеграмата која ја потпиша државниот секретар кардинал Пиетро Паролин и упатена до кардиналот Винсент Никол,с надбискуп на Вестминстер и претседател на бискупската конференција на Анлија и Велс, Светиот Отец изразува солидарност со сите кои ги погоди таа трагедија. Загинатите ги довери на грижливото милосрдие на Семоќниот Бог, за нивните семејства повика божествена сила и мир и на целиот народ ги загарантира своите молитви.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.