2017-03-22 09:58:00

Папата – Сведок на милосрдието и на социјалните мрежи


На 19 март минатата година, папата Фрањо го отвори својот профил на Instagram (account)@Franciscus; тоа е социјална мрежа на која можат да се разменуваат и да се споделуваат фотографии и видео записи. После година дена, профилот на Папата има повеќе од 3,5 милиони следбеници, а фотографиите кои ги објавува во текот на неделата, во просек ги гледаат повеќе од 10 милиони луѓе. За важноста на присуството на Папата на социјалните мрежи, разговаравме со вториот човек на Секретаријатот за комуникација на Светиот Престол, монс. Лусио Адријан Руиз, кој се присети на состанокот на папата Фрањо, со основачот на Instagram мрежата Кевин Систрем.

Профилот на Instagram го отворивме пред една година. Спомени има многу! Тоа беа прекрасни моменти, но најмногу во сеќавање ми се врежа средбата со Папата, кога дојде и својата идеја на Папата му ја претстави Кевин Систром (соосновач на Инстаграм), со цел по пат на слика да се пренесе пораката на Папата. Светиот Отец тогаш зборуваше за „теологија на сликата“, за тоа како Црквата отсекогаш се користела со слики за да им се приближи на луѓето и така да ги поучи. Зборувајќи за улогата на сликата во Црквата, рече: „Сликата е важна кај пристапот со децата –затоа што тие се срамежливи не сакаат да зборуваат, но ми носат слика и веднаш ги прашувам: „Што значи оваа слика?“ А потоа малку по малку ќе се опуштат и тоа толку што ќе треба да ги запреш, затоа што започнуваат да изнесуваат за себе многу работи...“ „Сликата е средство за пристап до дијалогот, така што овој проект треба да го реализираме.“ – рече Папата.

Светиот Отец на Инстаграм започна со оваа порака: „Сакам да ве придружувам на патот на Божјото милосрдие и нежноста.“ Важно е да се напомене дека бевме среде Јубилејот на милосрдието. Но, дали навистина е можно – оваа нежност за која зборува Папата – да се донесе и на социјалните мрежи?

Апсолутно, да. Во одговорите кои секојдневно ги следиме за тоа на Светиот Отец му даваме резиме од она што милиони луѓе го пишуваат, најважно е тоа дека луѓето во целост ја поздравија и со задоволство ја прифатија оваа идеја. Толку допира фактот дека на пораката која сакате да ја пренесете, кога на пример – Папата ќе бакне некој човек; некој болен човек или некој ќе го прегрне, благослови – постојат изрази како што се: „Ова е моја прегратка!... „Ти благодарам за оваа прегратка: Денес многу ми е потребна!“ Луѓето го гледаат Папата како прегрнува некој човек, а ја чувствуваат таа прегратка како своја; како нив да ги прегрнува. Потоа постојат и луѓе кои се во болница; луѓе кои никогаш нема да бидат во можност да дојдат во Рим за да го видат Папата, но го доживуваат тој мал „дигитален израз“ како искуство кое го посвојуваат; го прават свое.

Имали некоја слика, меѓу многуте кои сме ја виделе во оваа година за папата Фрањо, која вас ве погодила?

Па, тогаш кога се моли, затоа што го пренесува тоа чувство на таинственост на собраност со Бог: и кога ќе ја ставите на интернет тој длабок момент повлекува реакција, молитва и собраност... Овде се и други силни слики: милувањето на стари или болни луѓе, на дете; овде се тие големи прегратки кои стануваат еден вид теологија на телото, создавање и живеење во едноставноста.

Овој Папа создава слики кои го допираат умот и срцето на луѓето, дури и на оние кои не се верници. Всушност, сликите исто така „создаваат“ и зборови: мислам на проповедите од Света Марта. Која поука ја нуди на комуникаторите – посебно на своите христијански комуникатори?

Во дигитална култура сме. Според збровите на папата Бенедикт, постои „дигитален континент,“ реланост во која треба да влеземе и да живееме; ако е таму човекот, Црквата не може да не биде таму и таму треба да биде со истата динамика со која тоа го правеле мисионерите, кога откривале нов континент; друга реалност. Што правеле мисионерите? Тие ја проучувале нивната култура, нивниот јазик, така можеле да им го навестат Исус. На истиот начин, ако се наоѓаме пред културата која е дигитална и со луѓе кои живеат во овие дигитални опкружувања, треба да го научиме тој јазик, и Исус да го направиме присутен, но во таа култура, затоа што тоа е динамиката на Овоплотувањето. Словото стана тело, и се всели меѓу нас, ја поприма културата на тоа време, зборува на тој јазик... Тоа е должноста на Црквата: Секогаш да се инкултурира, во секој момент, но и да ја даде пораката на надежта. Кое е посланието на комуникаторите: Токму надежта на Евангелието да ја пренесат во оваа реалност. Нашата мисија е прво да се познава дотичниот јазик и култура, но и динамиката затоа што не е едноставно да се префрли од еден на друг медиум; да се стави една работа на место на некоја друга, затоа што така не функционира, не може да се разбере; така не може да се следи! Постои соодветен јазик; сопствено наречје и затоа треба да го научиме; овде е исто така и сопствената динамика – и неа треба да ја научиме и учејќи ја соодветниот начин да се воведе и зборот љубов...

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.