2017-02-27 10:38:00

Бискупот Стојанов се сретна со кардинал Пуљиќ


Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов во придружба на дон Давор Топиќ во петок 24 февруари 2017 година беше примен од Надбискупот и митрополит Врхобосански, кардинал Винко Пуљиќ.

За време на разговорот, кардиналот Пуљиќ и бискупот Стојанов се присетија на Татковинската прослава за благодарност за канонизацијата на блажена Мајка Тереза од Калкута, родена во Скопје, кога кардиналот Пуљиќ како специјален делегат на папата Фрањо на 11 септември 2016 година во близна на темелите на родната куќа на оваа светица, во главниот град на Македонија, го предводеше свеченото литургиско славење и прогласување на светилиштето на Мајка Тереза.

Бискупот Стојанов го запозна кардинал Пуљиќ за текот на посетата „Ад Лимина“ на Меѓународната бискупска конференција Свети Кирил и Методиј при што на 30 јануари 2017 година на Светиот Отец му е подарена монографијата „Денови на света Мајка Тереза“.

Затоа што и Скопската бискуија заедно со бискупиите во Босна и Херцеговина припаѓа на Врхобосанската митрополија, бискупот Стојанов на посебен начин се заблагоадри на митрополитот Пуљиќ за љубовта и подршката која ја дава на Скопската бискупија. Бискупот Стојанов исто така изрази радост што наидува на отворена врата за соработка во разни црковни институции во главниот град на Босна и Херцеговина, кои ги посетува во рамките на својот повеќедневен престој во Сараево.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.