2017-02-24 15:27:00

Бискупот Стојанов во посета на Босна и Херцеговина


За време на својата посета на Босна и Херцеговина Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија на 22 февруари 2017 година во Мостар се сретна со монс. д-р Ратко Периќ, Мостарско-дувански и Требинскo-мркањски бискуп. Меѓудругото бискупите разменија искуства од пасторалниот живот на нивните Цркви, како и предизвиците со кои се соочува Црквата денес.

Во четврток 23 февруари 2017 година бискупот Стојанов во Сараево се сретна со воениот биксуп во Босна и Херцеговина, монс. д-р Томо Вукшиќ. Бискупот Вукшиќ го сподели своето искуство од работата во воениот ординаријат, како и организацијата и посланието на ординаријатот.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.