2017-01-26 10:01:00

Во Скопје се одржаа Екуменски средби за единство


Во склоп на молитвената осмина за единство на христијаните која траеше од 18 – 25 јануари 2017, во Скопје се одржаа екуменски средби и молитви на претставници на Католичката црква, Православната црква и Евангелско Методистичката црква.

Темата на овогодинешната молитвена осмина беше: „Помирување – љубовта Христова нѐ обзема“ (2Кор 5,14-20).

Средбите се одржаа во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“, во Евангелско Методистичкиот храм и во Православната црква Свети Пророк Илија (Аеродром).

Овие молитвени средбо беа моменти на заедништво, слушање на Божјото Слово, пеење, како и молитви за остварување на полно единство меѓу христијаните.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.