2017-01-24 09:42:00

Ангел Господов: Променете ги навиките, не облеката


Во наговорот пред молитвата Ангел Господов на 22 јануари 2017 година, Светиот Отец го коментираше литугиското Евангелие (Мт 4, 12-23), кое говори за почетокот на Исусовото проповедање во Галилеја.

Исус го остава Назарет, село во планините, и оди во Капернаум, важен центар на брегот на езерото, населено главно со незнабошци, место помеѓу Средоземното Море и внатрешноста на Месопотамија.

Овој избор покажува дека почетокот на неговото проповедање не се само неговите сонародници, туку сите оние кои доаѓаат во космополитска „незнабожечка Галилеја“ (ред 15;): така се нарекувала. Гледано од главниот град Ерусалим, тој крај географски е на периферијата, а верски нечист, затоа што бил полн со погани, заради мешање со оние кои не припаѓале на израелскиот народ. Од Галилеја сигурно не очекувале големи работи за историјата на спасение. А напротив, токму од таму се шири „светлината“ за која размислувавме минатите недели: светлото Христово. Се шири токму од периферијата – рече Светиот Отец.

Исусовата порака по трагата на Крстителот, го навестува „царството небесно“ (ред 17). Ова царство не подразбира воспоставување на некоја политичка моќ, туку исполнување на сојузот помеѓу Бог и неговиот народ, со кое ќе започне нов период на мир и правда. За склопување сојуз со Бог, секој е повикан на преобраќање, преобразувајќи го сопствениот начин на мислење и живеење. Ова е многу важно: да се преобратиш не значи само да го промениш начинот на живот, туку и начинот на размислување. Преобраќањето е преобраќање на мислите. Не станува збор за промена на облеката, туку навиките – истакна Папата додавајќи:

Исусе се разликува од Иван Крстител по стилот и методата. Исус одлучува да биде пророк кој патува. Тој не чека народот да дојде кај него, туку му оди во пресрет на народот, Тој секогаш е на пат. Неговите први мисионерски излегувања се долж Галилејското Езеро, во допир со мноштвото народ, посебно со рибарите. Меѓу рибарите Исус го навестува доаѓањето на царството небесно и бара другари за да ги придружи на своето спасителско послание. На тоа место среќава браќа: Симон и Андреј, и Јаков и Иван; ги повикува говорејќи: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ (ред 19) – рече папата Фрањо.

Повикот им пристигнал кога најмногу биле зафатени со својата работа. Господ не ни се објавува на извонреден и зачудувачки начин, туку во секојдневието на нашиот живот. Тука треба да го најдеме Господ, тука Тој се објавува, тука на нашето срце му ја покажува својата љубов, тука – во дијалогот со Него во секојдневниот живот, го менува нашето срце. Одговорот на четворицата рибари е непосреден и подготвен: „Тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него“ (ред 20) Знаеме дека биле ученици на Иван Крстител и благодарение на неговото сведоштво започнале да веруваат во Исус како Месија (Ив 1, 35-42) – потсети Папата.

Ние денешните христијани, со радост ја навестуваме и сведочиме својата вера затоа што се случи првото навестување, затоа што тие биле понизни и храбри луѓе кои храбро и великодушно одговориле на Исусовиот повик. На брегот на езерото, во незамислив крај, родена е првата заедница на Христовите ученици. Нека свеста за тие почетоци поттикне желба во нас да го носиме Исусовото Слово, љубовта и нежноста во секој контекст, дури и на најпознатите непријатни и најотпорните. На сите периферии треба да се носи Словото. Сите простори на човечкото живеење се тло за сеење на семето на Евангелието за да донесе плодови за спасение. Нека Дева Марија ни помогне со својот мајчински заговор, радосно да одговориме на Исусовиот повик и да се ставиме во служба на Божјото царство – молеше Папата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.