Преку Твитер Папата упати пораки за мир
Во Твитер пораката на папата Фрањо од 10 јануари 2017 година, Светиот Отец изразува надеж дека нашите земји и луѓе кои живеат во нив, ќе пронајдат повеќе можности како заеднички би работеле за вистински мир.
Светиот Отец во Твитер пораката од 9 јанаури 2017 година ја посвети повторно на мирот, истакнувајќи дека не може да има вистински мир, ако секој секогаш и исклучиво инсистира на своите права, а при тоа да не се грижи за доброто на другиот.
Овие кратки мисли на Папата го содржат она што го пишува и во пораката за Светскиот ден на мирот. Меѓу другото во таа порака ги повторува зборовите на својот претходник, блажениот Павле VI: Мирот е единствената вистинска насока за човечкиот напредок, а не тензиите предизивикани од амбициозните национализми, ниту пак насилните освојувања, како и ни репресиите, кои служат како упориште на лажниот граѓански поредок.
РВ/к.мк
All the contents on this site are copyrighted ©. |