2017-01-10 11:24:00

Папата крсти 28 деца: Да ја сведочиме верата со животот


Светиот Отец на празникот Крштение Господово во реката Јордан во Сикстинската капела крсти 28 деца на вработени во Ватикан. По тој повод спонтано изрече кратка пригодна проповед која ја пренесуваме во целост:

Драги родители,

Побаравте за своите деца вера; вера која ќе им се даде со Крштението. Верата претпоставува сведочење, затоа што верата треба да се живее. Да се оди по патот на верата и да се дава сведоштво на верата. Верата не е неделно рецитирање на „Символот на верата“, кога одиме на света Литургија: не е само тоа. Верата е верување во она што е Вистина: Бог Отецот го испрати својот Син и Дух кои нас нѐ оживуваат. Но верата е и доверба во Бог, а тоа е она што вие треба да го научите со својот пример, со својот живот. Верата е и светло: во чинот на крштението ќе ви биде дадена запалена свеќа, како и во првите денови на Црквата. Заради тоа во тоа тогаш се нарекувало „просветлување“ затоа што верата го просветлува срцето: прави работите да се гледат со друго светло. Побаравте вера: Црквата верата на вашите деца ќе им ја даде со Крштението, а вашата задача е да правите таа да расте и да ја чувате за да стане сведоштво за другите. Тоа е смислата на овој обред. И тоа е она што би сакал да ви го кажам: да ја чувате верата, да правите таа да расте и да стане сведоштво за другите.

А потоа... Започна концертот, ах? Децата плачат: тоа е затоа што децата се наоѓаат на место кое не го познаваат; станале порано од обично..., можеби зашто еден даде „интонација“, а другите го имитираат... Некои плачат едноставно заради тоа што ги слушаат како другите плачат. Исус правел исто така...

Мило ми е да мислите дека првата Исусова проповед во шталата била плачот – првата! А потоа како што обредот малку продолжува некој плаче затоа што е гладен: ако е така вие мајки ,надојте ги – без страв – целосно нормално. Како што Богородица го доела Исус. Не заборавајте: побаравте вера: на вас е задача таа вера да ја чувате; да правите да расте и да стане сведоштво за сите нас, па и за нас свештениците, епископите – за сите! Благодарам

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.