2016-12-06 11:12:00

Папата се сретна со американскиот државен секретар Џон Кери


На 2 декември 2016 година папата Фрањо го прими американскиот државен секретар Џон Кери.

Главниот дипломат на САД во Рим учествува на конференцијата „Медитерански дијалог“. По средбата со папата Фрањо Џон Кери на својот твитер профил коментираше дека „му било чест да разговара со (Светиот Отец) за светот кој го градиме за идните генерации,“ и додава: „Вдахнат сум од неговите зборови за климатските промени и бегалците.“

Додаваме дека американскиот државен секретар се сретна и со Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.