2016-12-06 11:04:00

Папата до пијаристите за потребата од евангелизациска педагогија


Продолжете го своето делување со ентузијазам, посветеност и надеж за слава Божја и корист на ближните – стои во пораката на папата Фрањо до пијаристите по повод почеток на Јубилејната година во која одбележуваат 400 години од основањето на редот како и 250 години од прогласување за светец на основачот на редот Јосиф Каласценциј. Јубилејната година започна на 27 ноември ова година, а завршува 26 ноември 2017 година.

Иако околностите во 400 години од основањето на редот се променети, Папата смета дека потребите останале исти: на децата и младите им е потребен лебот на побожноста и Словото, сиромашните продолжуваат да нѐ повикуваат, на општеството му е потребна преобразба во согласност со вредностите на Евангелието, а Исуса треба да се навести на сите народи.

Светиот Отец потсети дека тогашниот папа Павле V препознава како Светиот ДУх го поттикнал свети Јосиф Каласценциј целосно да се посвети на образованието на децата. Таа била првата конгрегација која се посветила исклучиво на образованието на децата и младите посебно на сиромашните. А преку цело време ги краси ставот на постојана отвореност кон реалноста и желбата да се „оди напред“ и тоа по целиот свет.

Иако нивната примарна харизма е образованието на децата и младите, Папата истакна дека тие таа харизма ја овоплотуваа и на други подрачја. Тие одговарале на потребите на Црквата, преземајќи пасторални должности каде што било потребно. Освен тоа одговориле на желбите на Вториот ватикански собор и го отвориле патот за пијаристичка заедница повикувајќи ги мажите и жените со добра волја да имат удел во нивната харизма и мисија.

Светиот Отец пред очите на пијаристите го става примерот на нивниот основач кој би требало да им помогне за да се присетат кои се и на што се повикани. Желбата на Папата е оваа јубилејна година да им стане еден вид „Педесетница“ која ќе им помогне да ја навестуваат ослободтелната и спасителна сила на Евангелието на сите јазици по целиот свет, на сите култури. Нека Господ ви помогне секогаш да имате мисионерски дух и да одите по тој пат – порача Папата.

Тој ги поттикнува да бидат отворни и внимателни на поттикнувањето на Духот. Нека Бог ви даде да бидете пророчки присутни таму каде децата неправедно трпат – рече Светиот Отец. Потоа ја истакна итноста за евангелизациска педагогија способна да ги менува срцата и реалноста за да бидат во согласност со Царството Божјо, правејќи ги луѓето протагонисти и учесници во процесот. Образованието отвора можност за разбирање и прифаќање на Божјото присуство во срцето на секој човек од најрана возраст, користејќи го човечкото божественото знаење. Само доследноста на животот заснован на таа љубов може да ја направи вашата работа плодоносна – рече папата Фрањо.

Пијаристите се испратени до милиони деца кои немаат пристап до образованието; илјадници деца кои се далеку од своите домови и училишта заради стравот од војната; на вашите деца секогаш им се потребни добри учители кои ќе им го покажат Христос и ќе ги придружуваат на патот на животот – рече Папата. Говореше и затоа да се биде монах значи да се одлучиш за живот на понижување односно понизен. Да се биде пијарист по дефиниција значи да се биде мал и сиромашен за да се поистоветувате со малите и сиромашните. Да се следи Исуса значи да се наследува во неговото понижување, да се стане слуга како што бил Тој, да се стане како Оној, Кој дошол на овој свет, не за да му се служи, туку за да служи и да го даде својот живот за многумина – рече папата Фрањо и продолжи:

Вашиот основач открил дека вистинскиот пат за самоспознавање и остварување на најголемите доблести е патот на понижувањето пред децата посебно оние напуштените за да се доведат до светлината. Како што Господ стави вистинска радост и среќа во понижението на крстот така вие како посветени луѓе треба да ја пронајдете полнотата и радоста во секојдневното понижување меѓу децата и младите посебно најсиромашните и оние во потреба. Основани сте не заради некоја големина, туку заради понижување кое ве облекува во чувствата Христови и тоа ве води да бидете соработници на Божјата вистина и да станете деца со децата и сиромашни со сиромашните – заврши Папата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.