2016-11-28 09:58:00

Папата со порака до учесниците на симпозиумот за економија


Со цел да се преиспита економијата треба да се појде од секојдневните мали избори кои се однесуваат на сите, солидарно да се користат добрата, грижејќи се за создаденото и водејќи сметка за сиромашните семејствата кои живеат со нас; ова е сржта на пораката на Папата до учесниците на симпозиумот за економија кој под покровителство на Конгрегацијата за посветен и апостолски живот се одржува на Папскиот универзитет Антонијанум во Рим. Околу илјада економисти расправаат на тема „Да се преиспита економијата во верноста на харизмата.“

Во пораката Светиот Отец размислува за трите главни зборови содржани во мотото на симпозиумот. Харизмите во Црквата не се „нешто статично и вкочането“, треба со добрите дела да ја оплодуваат историјата. Да се зборува за харизмата значи да се говори за дарот на бесплатноста и милоста, тоа го потврдува коренот на зборот – харис: Ако некое општество го нема тој дар, тогаш не е хумано; економијата од етички и антрополошки аспект никогаш не е неутрална, а ако не учествува во градење на односи на правда и солидарност тогаш раѓа исклучување и отфрлање – вели Светиот Отец додавајќи:

Повикот е до монасите и монахињите да бдеат и да одговорат на конкретни ситуации, да направат даровите да бидат витални; слушајќи го Божјото Слово кое ни говори секогаш треба да бидат подготвени да ги извалкат рацете откривајќи ги во историјата Божјите знаици и следејќи ги жените и мажите на нашето време. Треба да ги разберат прашањата за да можат да одговорат на нив, да го слушат плачот за да можат да утешат, да ја препознаат неправдата за да можат да делат добро, да ја распознаваат несигурноста за да нудат мир и забележувајќи го стравот да можат да охрабруваат; тоа е чувствителна задача за монасите и монахињите – рече папата Фрањо.

Верност на харизмата и на посланието на Црквата

Денес верноста се покажува во „прашувањето што Бог сака да направам.“ Треба да се запрашаме дали нашите дела ја покажуваат харизмата која ја исповедуваме,“ одговараат ли на посланието кое е доверено на Црквата. Затоа профитабилноста не може да биде мерило за вреднување на харизмата. Верноста на харизмата бара погледот храбро да го упатиме во Христос, а ушите да бидат внимателни на гласот на сиромашните – рече Светиот Отец.

Лицемерството на монасите и монахињите кои живеат како богаташи ѝ штети на Црквата

Преиспитувањето на економијата се постигнува со размислување не само за историјата, туку и за Божјото Слово, а потоа дејствувајќи со „храбра доверба во Божјата провидност.“ Папата повикува да не се подлегне на опасноста на индивидуализмот, туку да се изрази расудување кое делува, почитувајќи го законот кое е спротивно на струјата, затоа што се служи со парите, а не им служи на парите кое ги користи услугите на професионалците затоа што му е потребна струката и посебната способност, а се однесува на секој живот. Ниту институтите за посветен живот не се имуни од опасноста за акумулирање на профит што ја изопачува економијата или се препушта на алчноста.

Лицемерството на монасите и монахињите кои живеат како богаташи ја ранува совеста на верниците и ѝ штети на Црквата. Мора да се воспитуваме во одговорна строгост затоа што монашкото заветување не е доволно за сиромаштво посебно ако институтот овозможува уживање во сѐ што сакаме. Не е лесно да се усвојат чесни одлуки сепак станува збор за стекнување на навика, за живеење во знакот на правдата и често неудобното споделување. Свети Иван апостол во Првото Послание прашува: Кој поседува земски добра и го гледа својот брат во неволја и за него го затвора своето срце – како љубовта Божја ќе остане во него? – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.