2016-11-25 11:14:00

Бискупот Стојанов го прими ректорот дон Микеле Капасо


Во среда 23 ноември 2016 Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го прими во кратка посета ректорот на Надбискуписката мисиска меѓународна семинарија „Редемпторис Матер“ во Сараево, дон Микеле Капасо.

На средбата ректорот Капасо зборуваше за семинаријата, која неодамна ја прослави петтата годишнина на постоење, а моментално броји 16 богослови од различни националности. Осврнувајќи се на тоа бискупот Стојанов изрази благодарност што првиот свештеник што произлезе од оваа семинарија, дон Јошт Мезег, моментално делува во Скопската бискупија.

Потоа бискупот Стојанов даде краток осврт за Црква во Македонија и за големите настани во минатата година, при што посебно ги нагласи посетата на кардинал Пиетро Паролин, државен Секретар на Светиот Престол, и му заблагодари на ректорот Капасо за неговиот придонес со преводи на италијански јазик во подготовка на монографијата „Црквата во пресрет“. По тој повод му ја поклони монографијата.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.