2016-11-22 17:36:00

Папата: Светот има потреба од револуција на нежност


Папата Фрањо неодамна даде интервју за телевизиската куќа ТВ 2000 и Радио Инблу кое е објавено на 20 ноември околу 21 часот. Во 40 минутното интервју, папата Фрањо говори на разни теми, за Јубилејот на милосрдието и неговите плодови; за затворениците, за доживотната и смртната казна; за сиромашните и Петокот на милосрдието, но и за лични работи како што се издржувањето на стресот.

Светиот Отец со Јубилејот и неговите плодови е многу задоволен затоа што се однесува на целата Црква и смета дека со тоа е направено големо добро. Луѓето се приближија на црквата, се сретнаа со Исус – тоа е Господов благослов – смета Папата истакнувајќи дека блажен Павле VI, а посебно свети Иван Павле II ставиле голем акцент на милосрдието. Полскиот Папата тоа го направи со енцикликата, со прогласувањето на празникот на Божјото милосрдие и канонизацијата на Фаустина Ковалска. Милосрдието во време на болест, отфрленост, затвореност на срцето и егоизам се покажува како потреба на човештвото. Милосрдието прави добро затоа што го отвора срцето на човекот.

Светиот Отец рече дека многу се сеело, а сега Господ дава семето да никнува и да расте, но и додаде се надева дека Господ ќе даде принос повеќе на ниво на секојдневието и на конкретности во животот на луѓето, а не толку на спектакуларни работи.

Запрашан за Петокот на милосрдието Папата истакна два настани кои посебно му останале во сеќавање. Девојките од Африка, ослободени од проституција која раскажа за тоа како била експлоатирана и останала бремена, оставена, малтретирана и тепана. „Оче родив во зима, сама и на улица и родив мртво девојче.“ Ја принудувале да „работи“ сѐ до тој ден и – ако не донесела пари – ја тепале и мачеле. „Мислев за тоа дека муштериите на таквите девојки за да се задоволат полово всушност им помагаат на нивните макроа.

Вториот случај е кога во болницата Свети Иван се сретнав со жената која плачеше над своите три деца – едно од нив не преживеа... Мислев на обичајот на денешното време – рече Папата кога во општеството луѓето сакаат да се ослободат од детето и пред неговото раѓање – што е ужасно злосторство и најтежок грев... Папата го истакна контрастот помеѓу двете жени од кои едната која не можеше да се утеши со две новородени деца заради тоа што третото е родено мртво; и жената која сака да се ослободи од зачнатото дете затоа што има големи и одговорни должности.

Запрашан за можноста за сиромашна Црква за сиромашни луѓе, Папата одговори дека Исус парите ги нарекол господар! Бог кој е Отец наспроти бог кој е господар. Во нашиот свет изгледа дека парите управуваат и владеат, а тие се само средство кое би требало да служи. Исус рече дека не можеме да им служиме на двајца господари. Му служам или на едниот или на другиот господар? Парите се врата низ која ѓаволот често настојува да влезе. За сиромашна Црква треба да се избориме. Можно е, но со постојана борба затоа што искушението на парите секогаш е присутно – истакна Папата.

Запрашан за искушенијата на еден Папа нагласи дека неговите искушенија кои ги има тој се истите како и искушенијата на другите луѓе; зависи од личноста, но ѓаволот секогаш настојува да навлезе преку нашите слабости: преку нетрпеливоста, егоизмот, мрзеливоста итн. Искушенијата нѐ гонат до часот на самата смрт. Затоа меѓу останатото е важно да молиме за оние кои умираат!

На прашање за затворениците и за доживотната и смртната казна, папата Фрањо рече: „Пред некој ден се јавив на еден затвореник кој го познавам од порано. Зошто не јас, туку тој? – се прашував. Господ има доволно причини да ме затвори мене – нежно изјави Светиот Отец. Затворот како казна не е добар, туку би требало да биде како „чистилиште“, како „подготовка“ за повторно вклучување во општеството. Затворот е како казна без надеж. Ако казната не остава надеж не е христијанска, па ниту човечка.

Ако личноста не остава впечаток дека повторното вклучување во општеството ќе биде успешно, овде се работата, културата и слично кои внатре во затворот можат да му помогнат да се чувствува корисен за општеството; на некој начин да го врати сопственото достоинство. Папата се присети на мајките и сопругите кои чекаат во долги редови за да ги посетат своите синови и сопрузи и притоа се исвиркани, но мислат: таму е мојот син; мојот сопруг; таму одам; тој е мој син; мој сопруг – рече Папата – колку љубов!

Прашан за хуморот Папата потенцира дека тоа е милост за која моли секој ден од Господ објаснувајќи дека станува збор за расположение и за став на откупена душа. За едноставноста и радоста пред Господ.

Осврнувајќи се потоа на милосрдието и правдата во светот, а посебно во односите меѓу државите, Папата рече дека денес моралната ригидност е очигледна. Објасно дека милосрдието и правдата во Бог се помирени и претставуваат една иста работа: правдата е милосрдна, а милосрдието праведно. Бидете милосрдни како Отецот - ни вели Исус.

Милосрдието е лек против болеста на денешницата која се вика кардиоисклероза, која се состои во културата на отфрлање. Неспособна да се почувствува нежност, сочувство, да се приближиме на човкеот кој страда.

Искажувањето милосдрие меѓудржавите го поттикна папата Фрањо да потсети дека веќе живееме во Трета светска војна, која не се води на едно или на друго место, туку на м ногу места. Се прозиведува оружје и се продава на завојуваните страни. Очигледна е тврдоста  на срцата. Денешниот свет има потреба од „револуција на нежнос“! Бог ни се приближи на нас со нежност, стана човек, стана тело.  Страдалното Тело Христово треба да се негува и миува, а не да му се зголемуваат страдањата. Завојуваните страни треба добро да размислат, бидејќи само еден живот вреди многу повеќе од териториите кои ги освојуваат. Кај произведувачите и трговците со оружје е обратно – рече Папата.

На крајот запрашан за тоа како го поднесува стресот, поради бројните должности и активности кои ги извршува, Светиот Отец рече дека пие „посебен чај“, а потоа срдечно се насмеа и рече дека се шегува. Незнам... молам и тоа многу ми помага, бидејќи тоа значи „да се биде со Господ“. Миса, часосолов, разговор со Господ и бројаница, тоа се активности кои ме крпат. Освен тоа, додаде дека и добро спие; околу 6 часа и тоа „како топ“. Сето тоа е Божја милост, рече на крајот од разговорот Светиот Отец

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.