2016-11-21 10:09:00

Срцето приврзано на парите е идолопоклоничко


Во денешното Евангелие – продолжи – Папата Исус ги гони менувачите на пари од храмот, кој од домот Божји од место за молитва го направиле „разбојничка пештера“. Господ сака да сфатиме каде е семето на Антихристот, семето на непријателот, семето кое го нагризува неговото Царство: во приврзаноста на парите. Срце наврзано на пари е идолопоклоничко – истакна Светиот Отец и додаде: Исус вели дека не смее да се служи на двајца господари: на Бог и на парите. Парите се еден вид на анти-бог. Но, ние може да избираме:

Домот Господ е дом за молитва. Средбата со Господ е средба со Бог на љубовта. А парите се господар кој може да ги уништи нашите животи и да нѐ натера да живееме расипано, без среќа, без радост во служењето на вистинскиот Бог, кој единствено може да ни ја дарува вистинската радост. Станува збор за личен избор – рече Папата и ги запраша присутните: Каков е вашиот став кон парите? Дали вие сте приврзани на парите?

Папата повика да направиме испит на совеста: Дали Господ е мој господар или тоа е идолот пари! Нека Господ на сите ни ја даде милоста на христијанското сиромаштво – ја заврши својата проповед папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.