2016-11-21 10:31:00

Заеднички благослов на новите кардинали


По именувањето на новите кардинали во базиликата Свети Петар на 19 ноември, папата Фрањо и новите кардинали се упатија во манастирот ‪„Mater Ecclesiae“ во Ватикан, при што го посетија почесниот папа Бенедикт XVI.

Веќе 89 годишниот почесен папа Бенедикт XVI најпрво го поздрави и се прегрна со папата Фрањо, а потоа поединечно ги поздрави новите кардинали. Средбата продолжи со заедничка молитва и заеднички благослов на новите кардинали од страна на папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI. На крајот папата Фрањо и неговиот претходник уште еднаш братски се прегрнаа.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.