2016-11-18 10:48:00

Бискупот Стојанов го прими новиот француски амбасадор


На 16. ноември 2016 Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го прими во настапна посета новиот амбасадор на Франција во Република Македонија Н.Е. Кристијан Тимоние.

Во срдечен разговор бискупот Стојанов го запозна амбасадорот Тимоние со историјата и животот на Католичката Црква во Македонија, истакнувајќи го придонесот на француските мисионери лазаристи на оваа Црква во минатото.

Бискуп Стојанов му заблагодари за амбасадорот Тимоние на посетата и му посака успешна дипломатска мисија во Македонија.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.