2016-11-09 12:01:00

Владиката Стојанов служеше света Литургија во Сарај


На 8 ноември 2016 година, со света архиерејска Литургија која ја предовдеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзархат во Македонија, во сослужение на повеќе свештеници беше прославен патрониот празник на црквата „Свети Димитриј и Падре Пио“ во Сарај.

Владиката Стојанов одржа и пригодна проповед во која потсети на наследството кое нашите родители и предци дека ни го оставиле, но не материјалното наследство, туку пренесувањето на верата.

На крајот од светата Литургија домашниот парох о. Ѓорѓи Појразов се заблагодари на Господ Бог, а потоа изрази благодарност и до Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов и до браќата свештеници за нивното присуство со кое ја збогатија прославата на небесниот заштитник на Католичката црква во Сарај.

Покрај верниците од Сарај на светата Литургија присуствуваа и сестрите Евхаристинки и верници од блиските парохии.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.