2016-11-03 09:03:00

Со својот начин на живот бидете сол и светлина на светот


После светата Литургија на стадионот Swedbank во Малме на 1 ноември 2016 година, папата Фрањо ја предводеше молитвата Ангел Господов. Во продолжение на текстот можете да го прочитате преводот во целост:

На крајот од ова славење би сакал да му се заблагодарам на епископот на Стокхолм Андерс Арборелиус за неговите прекрасни зборови; потоа на државните власти и на сите оние кои помогнаа во планирањето и спроведувањето на оваа посета.

Срдечно го поздравувам претседателот и главниот секретар на Светскиот лутерански сојуз како и надбискупот на Шведската Црква. Исто така ги поздравувам членовите на екуменската делегација и дипломатскиот кор присутни на овој настан како и сите оние кои на оваа евхаристиско славење ни се придружија.

Му благодарам на Бог што имав можност да ја посетам оваа земја и да се сретнам со вас, а многумина од вас дојдоа од сите краишта на светот. Како католици ние сме дел од големо семејство и окрепени сме со истата Причест. Ве поттикнувам својата вера да ја изразите во молитвата, во светите Тајни како и во великодушната служба на оние кои страдаат и оние во потреба. Ве охрабрувам со начинот на животот и однесувањето како следбеници Исусови да бидете сол и светлина без разлика каде сте и да покажете голема почит и солидарност со нашите браќа и сестри од другите Цркви и христијански заедници, како и со сите луѓе со добра волја.

Во својот живот не сме сами; имаме постојано помош и придружба од Дева Марија. Денес пред нас стои како прва меѓу светците, како прва Господова ученичка. Под Нејзината заштита прибегнуваме и ги изнесуваме своите жалости и радости, стравови и желби. Сѐ ставаме под Нејзината заштита, сигурни дека над нас бдее и се грижи за нас со мајчинска љубов.

Драги браќа и сестри молете се за мене. Се молам за сите вас. А сега заедно да се обратиме на Нашата Богородица и да измолиме Ангел Господов.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.