2016-10-24 10:27:00

Скопје: Медиумска работилница за деца на тема Мисионерство


Во сабота на 22 октомври 2016 година, во пресрет на Мисиската недела во просториите на Пасторалниот центар во Скопје се одржа „’медиумска’’ работилница за деца на тема „Мисионерство “. На оваа работилница децата имаа можност да се запознаат поблиску со мисионерството, на кој начин ние можеме да бидеме мисионери, а во исто време и запливаа малку во водите на новинарството.

На самиот почеток децата се запознаа со животот на светци кои се поврзани со мисионерството и кои денес може да бидат наша инспирација да го следиме нивниот чекор, а воедно и охрабрување дека секој од нас може да биде мисионер.

За средбата да биде поразиграна и креативна како гости беа двајца новинари, г-ѓа Катица Трајковска Абјаниќ и г-дин Емануел Петри кои ги внесоа малку во тоа што значи да се биде новинар и што е новинарство, исто така имаше и претставник од Македонскиот Каритас г-дин Спасе Спасов и претставник на сестрите Мисионерки на љубовта од редот на Мајка Тереза, сестра Соња Тереза.

Децата имаа можност да ги интервјуираат гостите така што беа поделени во групи и после успешно извршеното интервју тие самите со свои раце го „испечатија” својот весник со нивните интервјуа и слики од самиот настан.  Во неделата на 23 октомври 2016 рачно „испечатениот” весник беше изложен во катедралата за време на светата ;иса и верниците имаа можност да го прочитаат првиот детски рачно испечатен весник во кој има само позитивни вести, а можеби и вест на некој иден сѐ уште неоткриен новинар.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.