2016-10-24 10:04:00

Папата: Чувајте се од расправии и градете единство


Христијаните нека ги избегнуваат расправиите, треба да работат за единство на Црквата – е резимето од проповедта на Папата на светата Литургија во капелата на домот Света Марта на 21 октомври 2016 година во Ватикан.

За време на утринската света Литургија во домот Света Марта, папата Фрањо укажа на три клучни точки за градење на единство во Црквата. Епископот на Рим ги поттикна уште еднаш христијаните да се ослободат од љубомората, зависта и расправиите.

Папата Фрањо својата проповед ја разви поаѓајќи од Господовиот воскресен поздрав „Мир вам“ кој создава врска до мирот. Тоа е поздрав – рече Папата – кој обединува и води кон единство на духот. Ако нема мир, ако не сме способни да се поздравиме во поширока смисла со тие зборови; да бидеме со отворени срца и со дух на мир до единство никогаш нема да дојде. Тоа важи за единството во светот, единството во градовите и квартовите, единството во семејството – објасни Папата.

Духот на злото секогаш го сее семето на војната, љубомората, зависта, расправиите, озборувањата. Тие се појави кои го уништуваат мирот и затоа не може да дојде до единство. И каков е ставот и однесувањето на христијаните во поглед на единството; како да се пронајде единство? Павле јасно говори: „со секаква смиреност и кроткост, со долготрпеливост да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани; поднесувајќи се еден со друг со љубов; трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот. Едно тело сте и еден Дух како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање. Еден е Господ, една е верата, едно е крштевањето, еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас“ – рече Светиот Отец повторувајќи ги зборовите на свети Павле.

Тие три работи или ставови – повтори Светиот Отец продолжувајќи: понизноста – не може да се даде мир без понизноста. Таму каде што е горделивоста секогаш е војна; секогаш постои волја над другите да се слави победа; верување дека сме над него. Без понизноста нема мир, а без мир нема единство, нагласи Папата.

Светиот Отец со горчина рече дека веќе сме ја заборавиле способноста за нежен говор, туку меѓусебно се навредуваме или озборуваме. Недостасува благост. Благоста во себе ја има способноста едни со други да се поднесуваме; со љубов да се поднесуваме едни со други – вели свети Павле. Потребно е да се има трпение и да се поднесуваат недостатоците на другите; работи кои не ни се пријатни – рече папата Фрањо.

Како прво – понизноста; како второ – благоста поднесувајќи се меѓусебно и како трето – великодушноста. Големо и широко срце во кое има место за сите и кое не обвинува; кое себе не се намалува со тривијални работи – рече папата Фрањо – говорејќи за ситните разговори; за она што го слушаме, па понатаму го пренесуваме; тој го рече ова или го слушна она. Не, туку широко срце кое има место за сите. Тоа создава врска до мирот кој ткае единство. Создателот на единството е Светиот Дух, Тој е Оној Кој подготвува за градење на единство.

Тој начин е достоен за Таинството на кое сме повикани – таинството на Црквата. Папата сите ги повика во раце да ја земат 13 глава од Посланието до Коринтјаните, кое нѐ учи како на Светиот Дух да му направиме место; на кој начин тоа да се направи, бидејќи Он е Тој Кој го гради единството. Таинството на Црквата е таинството на Телото Христово: една вера, едно Крштение, само еден Отец на сите Кој е над сите; Кој делува преку сите и во сите е присутен: тоа е нашето единство за кое Исус го моли Отецот и за чие градење ние треба да помогнеме. Да го молиме Светиот Дух да ни даде милост не само да сфатиме, туку и да го живееме ова таинство на Црквата кое е таинство на единството – повика во заклучокот на својата утринска проповед папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.