2016-10-24 10:12:00

Папата: Жените да имаат повеќе простор во градењето на мир


Папата Фрањо упати телеграма до учесниците на втората Конференција за жените на Блискиот Исток и Медитеранот на тема „Жената работничка на мирот за културата на средба и дијалог“ која се одржува во Бари од 19 до 23 октомври 2016 година.

Нека се прошири просторот за присуство на жените и нека се зацврсти нивното делување во барањето можност за средба, за предупредување и дијалог, како и за заедничко заземање во градењето на иднина на благосостојба и мир – е желбата на папата Фрањо изразена во телеграмата која ја потпиша државниот секретар кардинал Пиетро Паролин упатена до учесниците на втората Конференција за жените на Блискиот Исток и Медитеранот на тема „Жената работничка на мирот за културата на средба и дијалог.“

Средбата се одржува во Бари од 19 до 23 октомври 2016 година во рамките на Јубилејот на милосрдието и на поттик на Светската унија на католички женски организации и во соработка со Меѓународниот форум на Католичка акција и Италијанската католичка акција. Папата – како што стои во телеграмата – ги повикува сите на великодушно правење на телесни и духовни дела на милосрдието и средечно ги поздравува сите присутни жени, а посебно оние кои доаѓаат од Блискиот Исток и од земјите погодени од општествени конфликти, сиромаштво и дискриминација.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.