2016-10-18 10:03:00

Папата: Светиот Дух нѐ води во молитвата


На 16 октомври 2016 година Папата Фрањо на плоштадот Свети Петар го предводеше литургиското славење на кое прогласи седум нови светци на Католичката црква. Во својата проповед говореше за една од централните теми на христијанскиот живот – молитвата.

Проповедта ја пренесуваме во целост:

На почетокот на денешното славење му ја упативме на Господ следната молитва: „Создади во нас великодушно и постојано срце за да можеме верно и со чист дух да ти служиме.“

Со нашите сопствени сили не можеме да дадеме такво срце. Само Бог може тоа да го направи и во молитвата од Него бараме да ни даде такво срце како своето „битие.“ На тој начин доаѓаме до темата за молитвата која е централна во денешните читања и сите нас собрани на канонизацијата на новите светци нѐ предизвикува. Светците ја постигнале својата цел. Благодарение на молитвата тие имале великодушно и постојано срце. Тие се молеле силно; се бореле и победиле.

Молете! Како Мојсеј кој пред сѐ бил Божји човек, човек на молитвата. Денес го гледаме во борбата против Амаликијците како стои на врвот на гората со подигнати раце. Но од време на време му отежнуваа. Арон и Ор затоа зедоа камен и го ставија под него, па седнаа на него: му ги потпираа рацете додека конечно не е остварена победата.

Таков духовен живот Црквата бара од нас: да не победуваме со војна, туку да победуваме со мир!

Постои важна порака во оваа приказна за Мојсеј: посветеноста на молитвата бара меѓусебно да се поддржуваме. Заморот е неизбежен. Понекогаш едноставно не можеме да продолжиме, но со помош на нашите браќа и сестри можеме да сме упорни во нашата молитва додека Господ ја заврши својата работа.

Свети Павле му пишува на Тимотеј својот ученик и соработник и го поттикнува да остане во тоа што е поучен и што му е поверено (2 Тим 3, 14). Но Тимотеј тоа не можел да го постигне само со сопствени сили: „битката“ за постојаност не може да се победи без молитва.

Не спорадична или неодлучна молитва, туку молитва како што Исус ни говори во Евангелието: Молете се секогаш и никогаш не се изморувајте (Лк 18, 1). Тоа е христијански начин на живот: да се биде постојан во молитвата за да бидеме постојани во верата и сведоштвото. Овде уште еднаш можеме да го слушнеме гласот во нас кој говори: „Но, Господи како да не се измориме? Ние сме само луѓе... дури и Мојсеј се изморил...!“ Вистина секој од нас се изморува, а повторно не сме сами: дел сме од Телото! Делови сме на Телото Христово, на Црквата чии раце се подигнати ден и ноќ кон небото благодарение на присуството на Воскреснатиот Христос и неговиот Свет Дух. Само во Црквата и благодарение на молитвите на Црквата сме способни да бидеме постојани во верата и сведоштвото.

Го слушнавме Исусовото ветување кое ни го дава во Евангелието: „Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе;“ (Лк 18, 7) Ова е таинството на молитвата: да се продолжи да се вика, да не се откаже и ако се измориме да побараме помош рацете да ни останат во воздух. Тoа е молитвата која Исус ни ја објави и ни ја даде во Светиот Дух. Да молите не значи да се сокривате во некој идеален свет, ниту да побегнете во лажно, себично чувство на смиреност. Да молете значи да се борите, но исто така да му дозволите на Светиот Дух да се моли во вас, та Светиот Дух нѐ учи да молиме. Тој нѐ води во молитвата и ни овозможува да се молиме како синови и ќерки.

Светците се луѓе кои во целост влегуваат во таинството на молитвата; мажи и жени кои се мачат со молитвата, дозволувајќи му на Светиот Дух да моли и да се бори во нив. Се бори, се мачи до самиот крај, со целата својата сила и победуваат, но не со својот напор: Господ победува во и со нив. Седум сведоци кои денес се канонизирани исто така воделе добар бој на верата и љубовта преку своите молитви. Токму затоа останале цврсти во верата со великодушно и постојано срце. Нека преку нивниот пример и застапништвото кај Бог и ние да бидеме мажи и жени на молитвата. Да викаме кон Бог ден и ноќ без откажување. Да му дозволиме на Светиот Дух да се моли во нас и да се поддржуваме едни со други во молитвата за да можеме да ги држиме подигнати рацете додека Божјото милосрдие оствари победа.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.