2016-10-05 12:44:00

Отец Жак Хамел наскоро може да стане блажен


Папата Фрањо дозволи предвремено отвoрање на процесот за прогласување за блажен на францускиот свештеник о. Жак Хамел кој во јули оваа година е убиен од исламистичките терористи.

Папата Фрањо дозволи предвремено отварање на процесот за прогласување за блажен на францускиот свештеник о. Жак Хамел кој во јули оваа година е убиен од исламистичките терористи – изјави минатата недела надбискупот на Руен Доминик Лебрун. Нормално треба да поминат барем пет години од смртта на личноста пред постапката да започне. Потсетуваме дека Светиот Отец пред неколку недели о. Хамел го означи за маченик кој „веќе е блажен.“

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.