2016-10-05 12:46:00

Градоначалникот на Аматриче за посетата на Папата


Во урнатините на градот Аматриче Светиот Отец го пречека и поздрави градоначалникот Серхио Пироци кој по средбата со папата Фрањо даде изјава за Радио Ватикан.

Оваа посета донесе најмногу возбудување. Како што кажав во текот на церемонијата нашата вера нè учи и ни дава надеж. Ние сме уверени дека по смртта има живот. Затоа вонредната порака со посетата на Папата по смртта која ја искусивме претставува живот кој доаѓа: ќе се вратиме да живееме во своите домови, во своите краеви. Тоа му го кажав на Папата, а најубавата работа беше неговата прегратка, сведоштвото на посебна физичка и духовна близина. Му благодарам затоа што виде надеж во очите на мојот народ, а ништо не е поубаво од надежта – заврши градоначалникот Пироци.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.