2016-10-04 10:32:00

Папата го пофали Азербејџан за меѓуверските односи


На 2 октомври 2016 година попладне папата Фрањо во говорот до политичките и цивилните власти во центарот Хејдар Алиев го пофали народот на Азербејџан за добрите односи кои постојат помеѓу католичката, исламската, православната и еврејската заедница во земјата.

Изрази надеж дека знаците на пријателство и соработка ќе се множат и додаде дека тоа го подготвува патот за мир во светот.

„Овие добри односи се важни за мирен соживот и мир во светот и покажуваат дека помеѓу припадниците на различните вероисповеди можат да постојат искрени односи, почит и соработка за доброто на сите“, порача папата Фрањо.

Исто така Папата истакна дека „приврзаноста на вистинските вредности на религиите е во целосно несогласување со обидите за насилно наметнување на своите визии на другите користејќи го Божјото свето име како „оклоп.“

Упати апел до сите верата во Бог да биде „извор и вдахновение за меѓусебно разбирање и почитување како и за меѓусебна помош во настојувањата за остварувањето на општото добро за целото човештво.“

Папата за време на својата посета на центарот Хејдар Алиев ги напиша следните зборови во „Книгата на честа“: „Благодарам за искажаната гостољубивост, ги поттикнувам сите на ова место на средба и култура секогаш да го избираат патот на човекот: отвореност, почитување, заедништво.“

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.