2016-09-29 10:28:00

Папата изрази сочуство по повод смртта на Шимон Перес


Папа Фрањо до претседателот на Израел, Реувен Ривилин, како и на целиот израелски народ упати телеграма со сочуство по повод смртта на поранешниот претседател на државата Израел и добитник на Нобелова награда  за мир, Шимон Перес, во 93-тата година од животот.

Светиот Отец изјави дека тој  исклучително го цени неуморното залагање на Перес околу мирот и изрази надеж дека споменот на многугодишната негова служба ќе ги инспирира сите луѓе за да со голема грижа работат околу постигнување мир и помирување меѓу сите луѓе.   

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.