2016-09-28 16:13:00

Папата: Надмини ја духовната сувост со молитва


Што се случува во нашето срце кога ќе нè зафати „духовна сувост“? – праша папата Фрањо на светата Литургија на 27 септември 2016 година зборувајќи за Јов и неговото трпение. За надминувањето на оние најмрачни моменти, папата Фрањо ја истакна важноста на тишината и молитвата.

„Јов е во неволја: загубил сè“ – продолжи Папата, засновувајќи ја својата проповед на првото читање кое ни го прикажува Јов лишен од сите добра дури и од деца. Се чувствува загубено, но не го преколнува Господ – рече Папата. Порано или подоцна доживуваме голема духовна сувост. Јов доживеа голема „сувост“ и сe поплачува пред Бог. Тоа е поплака на „син пред својот татко.“ Така прави и проркот Јеремија, но тие никогаш ниту псујат, ниту хулат:

„Духовната сувост е нешто што на сите ни се случува: и може да биде силна или слаба... Таа мрачна состојба на душата без надеж и исполнета со сомнежи, без волја за живот и без светлина на крајот од тунелот, со многу немири во срцето и во мислите... Духовната пустина прави да се чувствуваме како душата да ни е скршена: не ни е ниту до животот: „Подобра е смртта!“ Тоа е поплаката на Јов. Подобро е да умре отколку да живее на овој начин. Мора да сфатиме кога нашиот дух е во таа состојба на општа жалост која речиси и го прекинува дишењето дека тоа на сите нас ни се случува: помалку или повеќе – смета Папата.

„Што да направам кога ќе доживеам такви темни моменти – без разлика дали заради некоја семејна трагедија, болест, или заради нешто друго што ме депримира?“ „Некои помислуваат на таблета за спиење“ и на бегство од „фактот“ или помислуваат да „се напијат две, три или четири “лути“... Тоа не помага“ – рече Светиот Отец и продолжи – Денешната Литургија ни „покажува како да се носиме со тој духовен пустош кога сме млаки и без надеж.“

Кога се чувствуваме изгубено упорно да молиме.

Во псалмот е одговорот (Псалм 87): „за да дојде пред Тебе молитвата моја приклони го увото свое кон молбата моја, Господи.“ Треба да се моли – рече папата Фраљо– силно да се моли како што тоа го прави Јов: да плачеш ден и ноќ додека Бог не слушне: „Таа молитва е чукање на врата, но силно чукање!“ „зашто душата моја е полна со јад и животот се приближи до адот. Се изедначив со оние што слегуваат во гроб; станав како човек без помош.“

Колку пати се чувствуваме така како да сме без сила... И тоа е молитва! Самиот Господ нè учи како да молиме во тие тешки моменти. „Ме положија во подземен ров, во мрак и во смртна сенка. Ја истури врз мене Твојата јарост...“ „нека до Тебе допре молитвата моја.“ Така треба да молиме во најтешките моменти, во моментите на темнина, голема сувост и преоптовареност. Таа е веродостојна молитва и поплака, како што правел Јов онака синовски.“

Книгата за Јов потоа говори за тишината на пријателите (на Јов). „Пред човекот кој страда“ – рече Папата – „зборовите можат да повредат. Она што е важно е: да се биде близу, да се даде до знаење дека сме овде, а да не да зборуваме.“ „Кога човекот страда; кога е во духовна пустина треба што помалку да се зборува и да се „поддржува“ со тишина, близина и милување, со нејзината молитва пред Отецот:

За да го резимира сето кажано папата Фрањо повтори: „Прво наше е во себе да ги препознаеме моментите на духовна сувост; кога сме во мрак без надеж и да се запрашаме зошто? Второ: да го молиме Господ како во псалмот на денешната Литургија: Нека до Тебе допре молитвата моја Господи. И трето: кога приоѓаме на човек кој страда без разлика дали од болест или од друг облик на трпење, но кој се наоѓа токму во пустина – тишина; но тишина на љубов, близина, милување. Да се зборува не помага туку дури може да наштети“ – повтори Светиот Отец – „Да го молиме Господ да ни ги даде трите милости: да ја препознаеме духовната сувост: потоа милост кога ќе се најдеме во таа состојба да молиме и на крајот милост да знаеме да ги придружуваме другите кои поминуваат низ период на тага и духовна пустина“ – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.