2016-09-27 10:31:00

Папата со подршка за Црквата во Мексико и семејството


Папата Фрањо на крајот од молитвата Ангел Господов на 25 септември 2016 година ги поддржа мексиканските епископи и напорите на Црквата и тамошното општество во борбата за благосостојбата на семејството и животот.

Имено повеќе од стотици илјади луѓе во саботата во Мексико Сити протестираа против легализацијата на истополовите бракови. „На „Одот за семејството“ не учествуваа само католици, туку и протестантите. Гласноговорникот на надбискупијата во Мексико Сити порача дека Црквата не организирала протест, туку била со организаторите и им даде поддршка.

Кардинал Норберто Ривера Карера во неделата претпладне по локално време за време на светата Литургија во катедралата во Мексико Сити ја прочита пораката на Папата. Порача дека зборовите на Светиот Отец го исполнуваат со радост, а исто така треба да го охрабрат и секого кој се залага за благосостојбата на семејството.

Додаваме дека во мај оваа година претседателот на Мексико Енрике Пења Нието предложи измена на Уставот со која би се легализирале истополовите бракови во цело Мексико. Како одговор на таа иницијатива на претседателот беше создаден „Национален фронт за семејството“ кој ги организираше неодамнешните масовни протести. Врховниот суд уште минатата година пресуди дека забраната на истополовите бракови е неуставна. Истополовите бракови за сега се легални во Мексико Сити и во три од триесет и една сојузна држава.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.