2016-09-27 13:02:00

Ватикан повторно ќе го регулира процесот за признавање чуда


Конгрегацијата за прогласување на светците потворно го регулира процесот за признавање чуда. Новите правила се резултат на едногодишната работа и со нив се заоструваат досегашните одредби: на пример, можно чудо нема да може да се потврди ако се испитува повеќе од три пати.

Во принцип, признавањето на чудото е предуслов за прогласување блажен или светец.

„Историски гледано, утврдено е дека чудата секогаш биле одлучувачки аргумент во прогласувањето на некоја личност за свет“, пишува секретарот на Конгрегацијата за прогласување на светци, надбискуп Маркело Бартолучи, во појаснувањето на новите правила. Чудата се нешто како „Божји прст, кој, исто така, го потврдува човечкиот суд за светоста на некој човек“. Тоа чудо – со признавање на херојски доблести, односно мачеништво – обично е одлучувачки фактор во прогласувањето на некои личности за блажени или свети.

Законската процедура за признавање чуда постои од 13. век. Во 1610 година, папата Павле V повика лекари во случајот на канонизацијата на Карло Боромејски за да утврдат дали станува збор за чудо или не; оваа пракса неколку децении подоцна ќе стане правило. Папа Пиј XII во 1948 формира медицинска комисија за признавање чуда и формира правило кое вели дека за признавање на чуда е неопходно научно да не може да се објасни.

РВ/к.мк

 








All the contents on this site are copyrighted ©.