2016-09-08 11:00:00

Распоред на Папата за октомври и ноември


Распоредот на Папата оваа есен вклучува неколку важни настани; две патувања, неколку канонизации и затворање на Светата Година.

Во вторник 6 септември Ватикан го објави распоредот на престојните славења, кои ќе ги предводи Светиот Отец. До крајот на Година на милосрдието нѐ очекуваат уште некои важни литургиски славења: 25 септември со катехистите; на 9 октомври богородичен јубилеј; 6 ноември со затворениците, на кои ќе им биде дозволено да дојдат во Ватикан и на 13 неомври литургиско славење со бездомниците.

Од 30 септември до 2 октомври 2016 година Папата ќе ги посети Грузија и Азербејџан; деталната програма сѐ уште не е објавена. Потоа на 16 октомври на плоштадот Свети Петар во склоп на свеченото мисно славење седум блаженици ќе ги прогласи за светци, а на 31 октомври и 1 ноември Светиот Отец ќе ја посети Шведска. Најпрво ќе учествува на одбележувањето на 500 години од реформацијата, а потоа ќе се сретне со католиците во Шведска, деталната програма сѐ уште не е објавена. На 20 ноември на празникот Христос Цар, Папата со свечена Литургија ќе ја затвори Светата Година на милосрдието и во таа прилика ќе ги затвори Светите врати на базиликата Свети Петар.

 

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.