2016-09-04 15:21:00

Објавена програмата на папа Фрањо за посетата на Асизи


Канцеларијата за печат при Светиот Престол ја објави програмата за посетата на Асизи на 20 септември по повод Светскиот ден на молитва за мир, кој оваа година ќе се обележи на темата: „Жед за мир. Религија и култура во дијалог“.

Папа Фрањо во 10.30 часот ќе се упати со хеликоптер од Ватикан во Асизи, каде што околу 11.00 часот ќе слета на теренот на спортскиот центар  Мигахели. Веднаш ќе се упати кон фрањевскиот манастир, каде што ќе го дочека цариградскиот патријарх Вартоломеј I, надбискупот Кантербири Јустин Велби, сирискиот православен патријарх Ефрем II, како и претставници на јудеизмот, исламот и будизмот. Сите заедно ќе се упатат во дворот на манастирот каде што ќе бидат собрани другите претставници на христијанските заедници и светските религии.

Во 13.00 часот е предвиден заеднички ручек во манастирот, на кој ќе учествуваат и неколку воени жртви. После ручекот се планира лична средба на Светиот Отец со патријархот Вартоломеј, надбискпот Велби, патријархот Ефрем II и претстваниците на јудеизмот и исламот. Во 16.00 часот на различни места во Долната базилика на свети. Фрањо ќе се одржи екуменска молитва на христијаните за мир.

После тоа, околу 17.15 часот, на плоштадот пред Долната базилика ќе се организира завршна свеченост во присуство на сите претставници на различните религии со читање на повеќе пораки. После говорот на Папата ќе се прочита апел за мир кој ќе се предаде на децата од различни националности. Ќе се одржи момент на молчење за жртвите од војните, ќе се потпиша апелот за мир, ќе се запалат свеќи и собраните ќе си подадат знак на мир. После свеченоста, папа Фрањо со автомобил ќе се упати кон хеликоптерот, а враќањето во Ватикан е предвиден во 19.35 часот.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.