2016-09-03 15:28:00

Во Ватикан сè е подготвено за канонизацијата на Мајка Тереза


Папата Фрањо утре на 4 септември ќе ја предводи свечената света Литургија за канонизација на блажена Мајка Тереза на плоштадот Свети Петар. Во Ватикан сè е подготвено за утрешната канонизација.

Во Ватикан сè е подготвено за утрешната канонизација на Мајка Тереза основателка на женскиот и машкиот огранок на Држбата Мисионерки на љубовта. Датумот за свеченоста не е избран случајно, туку се вклучува во Јубилејот на каритативните работници и волонтери кој се слави на 3 август и преставува една од најважните свечености во јубилејната година.

Папата Фрањо утре, 4 септември, ќе ја предводи свечената света Литургија за канонизација на плоштадот Свети Петар која директно ќе се пренесува на 120 телевизиски канали и на повеќе од стотина радио станици. Верниците свеченоста ќе можат да ја следат и по пат на Youtube и Instagram. За свеченоста се акредитирани 600 новинари. До сега како што објасни новиот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Грег Бурке се поделени повеќе од 100.000 влезници. Меѓутоа многумина пристигнаа во Рим со надеж дека директно ќе набават влезници што за сега сè уште е можно. Според неговите зборови на плоштадот свети Петар не се преземени никакви вонредни мерки за претпазливост. Меѓутоа италијанската полиција го зголеми бројот на полицајците кои ќе ја следат околината на плоштадот и Рим. На светата Литургија ќе учествуваат и службени државни претставници од петнаесет земји, меѓу кои и од Македонија.

На плоштадот ќе се најдат и голем број на луѓе кои се уверени дека оздравеле по заговорот на блажена Мајка Тереза. Врховната поглаварка на Дружбата Мисионерки на љубовта Марија Према Пиерик на конференцијата за печат истакна дека насмевката на Мајка Тереза е најубавиот дар што го остави на заедницата и човештвото затоа што никој не може да му одолее.

Отец Брајан Колодијечук постолаторот за каузата ги истакна зборовите на новата светица која често знаела да повторува дека сите сме создадени за љубов и за да љубиме. Новата светица – според неговите зборови – насекаде била знак на милосрдието. Таа ја почувствувала потребата за нежноста на Божјото милосрдие. Посебно ја истакна универзалноста на новата светица затоа што Калкута не постои само во Индија, туку во сите краишта на светот па и во најбогатите земји. Спомна и како Мајка Тереза основала манастири за своите монахињи насекаде па и таму каде што изгледало невозможно. Таа е светица за сè затоа што ја поделила Исусовата мајка со сите. Била – како што самата се нарекувала – молив во Божјите раце.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.