2016-08-31 18:42:00

Прославен патрониот празник на катедралата во Струмица


На празникот Успение на Пресвета Богородица, 28 август 2016 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во истоимениот катедрален храм во Струмица во заедништво со монс. Мате Узиниќ, Дубровнички бискуп. На Литургијата сослужуваа и повеќе свештеници од Апостолскиот егтзархат во Македонија и Скопска бискупија, како и Генералниот викар на Дубровничката бискупија, монс. д-р Петар Палиќ.

Светата архиерејска Литургија започна со процесија и свечен влез, а на мноштвото верници со пригодна проповед со обрати бискупот Узуниќ, кој истакна дека Богородица не само што треба да ја молиме за нашите потреби, туку истовремено таа треба да ни биде пример за нашиот живот.

На крајот од светата Литургија епископот Стојанов се заблагодари на бискупот Узиниќ за неговото сослужување, како и за пригодното Слово по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Тој исто така потсети за Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“ и посебно за централниот настан на плоштадот Македонија во Скопје, каде на 11 септември ќе се служи света Миса предводена од Папскиот делегат, кардинал Винко Пуљиќ.

За време на светата Литургија пееше хорот при Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица под водство на сестра Тереза Стојкова. Свеченоста заврши со заедништво во црковниот двор и благослов на агапето приготвено од црковниот одбор.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.