2016-08-23 12:13:00

Папата: Литургија „извор и врв“ на животот


Папата Фрањо испрати порака по повод 67. Национална литургиска недела во Италија која се одржува во бискупијата Губио. Темата за размислување оваа година е: „Литургијата како место на милосрдието.“

Во писмото упатено до месниот бискуп монс. Клаудио Манијаго кардинал Пиетро Паролин во име на Светиот Отец го истакнува јубилејниот контекст и атмосферата на овогодинешната средба. „Кога бараме да го живееме секој литургиски настан „со очи упатени кон Исус и неговото милосрдно лице можеме да ја прифатиме љубовта на Пресветото Тројство“ – потсети на текстот од булата Misericordiae vultus, наведувајќи ги и зборовите на свети Лав Велики: „Она што од нашето откупување било видливо (и опипливо) преминало во свети Тајни.“

Тие искази ни помагаат да ја видиме целата литургија како место на средба со милосрдието каде што станува присутно големото таинство на помирувањето. Поединечното славење на светите Тајни посредуваат за единствениот дар на божественото милосрдие според различните околности во животот – стои во пораката.

Дарот на милосрдието на посебен начин е видлив во светата Тајна Покора и Помирување. „Милосрдието на Отецот не може да се затвори во осамено однесување“ затоа што тоа ги „обновува луѓето и им овозможува на другите да им пружат живо искуство од тој ист дар.“ Поаѓајќи од свеста дека ни е простено за да простуваме – стои во пораката – треба да го сведочиме милосрдието во секое опкружување. „Тоа е задача на која сме повикани посебно пред бесот во кој се затворени премногу луѓе, кои се во потреба за откривање на внатрешниот мир.

Затоа обредот на светотаинското помирување треба да се сфаќа како израз на „Црквата во излегување“ како „врата“ не само во повторно влегување откако сме се одалечиле, туку и како „праг“ отворен на разните периферии на човештвото на кое му е потребно сочувство. Во Исповедта се случува средба со Божјото милосрдие од која излегуваат „нови луѓе“ кои ја навестуваат радосната вест за помирениот живот – пишува во пораката на Папата.

На крајот е изразена желба уште повеќе да созрее свеста за литургијата како „извор и врв“ на црковниот и личниот живот кој е „полн со милосрдие и сочувствување затоа што постојано се отсликува во училиштето на Евангелието.“

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.