Статуа на Мајка Тереза во природна големина ќе биде поставена во архиепископската резиденција во Калкута на 25 август 2016 година, ноќта на 106-годишнината од нејзиното раѓање.
Оваа вест беше најавена од архиепископот на Калкута, Томас Д’Соуз на прес-конференција во архиепископската резиденција во Калкута на 19 август 2016. Статуата на Мајка Тереза ќе биде поставена до статуата на свети Иван Павле II.
Оваа статуа е донација на Намит Баџориа, кој е назначен за почесен конзул на Република Македонија во Калкута. Баџориа, исто така, е ангажиран во различни филантропски активности.
Статуата ќе биде поставена од Church art – фирма со седиште во Калкута, вклучена во изработка на различни уметнички дела за цркви, училишта и музеи.
РВ/к.мк
All the contents on this site are copyrighted ©. |