2016-08-18 15:15:00

Папата со порака до „Медитеранот, море на мостови“


Светиот Отец поттикна „присуството на голем број браќа и сестри мигранти се смета за можност за човечки раст, средба и дијалог меѓу културите и религиите, како и можност за сведочење на Евангелието на љубовта.“

Потсетуваме дека на 14 август во јужниот дел на Италија е претставен документот на оваа иницијатива за кој монс. Вито Анџули, епископ на местото Света Марија од Лека рече дека станува збор за „момент на дијалог, средба и соочување на култури, религии и различни чувствителности.“

Епископот рече дека учесниците на средбата посакале Медитеранот повторно да стане „природен мост“ водејќи сметка секако за новите ситуации – проблемите и конфликтите посебно за оние кои папата Фрањо ги спомна. Во поглед на „поефикасно и посолидарно прифаќање“ рече дека пред сè смета на воспитанието на младите, особено затоа што самите млади учесници на иницијативата „Медитеранот море на мостови“ во своите земји ќе бидат носители на пораката.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.