2016-08-11 09:54:00

Сочувство на папата Фрањо за жртвите од ураганот Ерл


Папата Фрањо на 8 август 2016 година испрати телеграма изразувајќи сочувство за жртвите од ураганот Ерл во Централна Америка за кое се проценува дека е предизвикана штета поголема од 50 милиони долари и зеде  13 човечки животи во Доминиканската Република и 45 во Мексико.

Телеграмата која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин папскиот државен секретар е испратена до Мексиканската епископска конференција. Пред големата штетата и жртвите кои ги предизвика ураганот Светиот Отец ја изразува својата приврзаност до саканиот Мексикански народ молејќи за оние кои го загубиле животот и сакајќи да ја искаже својата блискост до семејствата на жртвите. Истовремено Неговата светост го моли Господ да ги поддржи мексиканските власти и народот и во сите да го разбуди духот на солидарноста – стои во телеграмата на Папата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.